Состојки:
- 350 грама шпагети или макарони (по желба)
- 250 грама броколи
- 100 грама зелени маслинки
- Сок и рендана кора од лимон
- 200 грама туна во масло
- 1 лажица маслиново масло + масло со посипување
Подготовка:
Тестенините нека се сварат во солена вода. За тоа време исецкајте ги броколите на парченца. Тестенините нека се варат 6 минути, па потоа додадете ги броколите во истата вода и оставете да се варат уште 4 минути.
Додека се варат, исецкајте ги маслинките и помешајте ги со туната, сокот и кората од лимон.
Исцедете ги од вода тестенините и прокудите и додадете ги во садот со туната. Сипете маслиново масло и се убаво измешајте.
Пред да послужите посипете уште малку маслиново масло, додека на љубителите на лути вкусови им препорачуваме да додадат бибер чиј вкус совршено оди со оваа паста.