Постојано подготвуваме компири само со зачини, но зошто да не пробаме за денешниот семеен ручек да направиме малку поразличен компир во кој ќе додадеме и јогурт? Верувајте дека потоа, постојано ќе сакате да го приготвувате на овој начин.
Потребни состојки:
- 4-5 големи компири
- 2 лажички масло
- 2 лажици јогурт
- 1 лажичка сол
- ¼ лажичка бибер или лута пиперка
- ½ лажичка суво нане
- ½ лажичка мајчина душица
Начин на подготовка:
Излупете го компирот и исечете го на кругчиња. Наредете го во тава за печење, прелијте го со јогуртот и со сите зачини. Печете на 200° околу 40 минути.
Може да го комбинирате со пилешко месо и печурки.