Денес ви нудиме рецепт како направите такви мали пилешки емпанади кои веруваме дека ќе бидат вистински хит на следната ваша забава.
Состојки:
- Смрзнато лиснато тесто
- 230 грама крем сирење
- 500 грама сварено бело пилешко месо
- 70 грама павлака
- 300 грама чедар сирење (или по желба)
- 100 грама суви пиперки
- 100 грама варена пченка
- Сол и бибер
- 1 јајце
- 1 лажица млеко или вода
Подготовка:
Во микробранова стопете го крем сирот за да биде течен.
Во длабок сад ставете го свареното и исецкано на ситни парчиња пилешко месо, павлаката, стопениот крем сир, чедар сирењето, пиперките и пченката. Целата смеса посолете ја и ставете бибер по желба.
Во мал сад изматете го јајцето со млеко или вода.
Одмрзнете го тестото па со помош на брашно и сукало развлечете го на дебелина од 1-2 милиметри.
Со помош на чаша исечете кругови од лиснатото тесто.
На половина од секој круг ставете од подготвениот фил, а со помош на четка или прсти нанесте малку по рабовите на тестото од изматеното јајце. Потоа преклопете го тестото по половина за да добиете полукруг. Со виљушка стиснете ги рабовите за да се спојат.
Наредете ги парчињата во плех и ставете ги во претходно загреана рерна на 200 степени да се печат околу 20 минути.
Кога ќе добијат златна боја, извадете ги малку да се изладат и служете ги топли.