Потпечено пилешко со зеленчук

popara8 септември, 20161min00
pileshko-tavce-570x396

Станува збор за мошне лесен и економичен рецепт за потпечено пилешко со зеленчук. За подготовка на ова јадење за четири лица ќе ви биде потребно околу 1 час.

Состојки:

  • 1 поголема главица кромид, ситно исечкана
  • 300 грама млади компири, исечени на тенки кругчиња
  • 2 црвени пиперки, исечени на поголеми парчиња
  • 2 поголеми парчиња праз исечени на половина, па ситно исечкани
  • 4-6 пилешки копани
  • 3 лажици масло за јадење
  • Сол, бибер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени, или на 160 доколку печете со вентилатор.

Ставете ги пилешкото месо и зеленчукот во тавче претходно премачкано со масло и добро распоредете ги. Зеленчукот треба да биде долу, а месото на врвот. Зачинете со сол и бибер по вкус.

Печете околу 45 минути, додека пилешкото месо не добие златна боја, а зеленчукот не омекне и не почне да се карамелизира. Поделете на 4 порции и сервирајте додека е топло.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag