Еве како да направите домашен еурокрем…
Состојки:
- 150 мл млеко
- 200 гр шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 200 гр маргарин
- 200 гр млеко во прав
- 100 гр чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
Во тава ставете го млекото, додајте шеќер и маргарин и ставете на оган. Кога ќе зоврие гответе уште три минути, а потоа тргнете ја тавата од оган.
Додајте ванилин шеќер и млеко во прав и разматете со миксер.
Жешката смеса поделете ја на два дела. Во едната додајте искршено чоколадо за готвење и мешајте додека не се растопи.
Двете смеси ставете ги во сад. Оставете да се излади и стегне.