Рецепт за вкусни француски макаронс

popara5 јули, 20161min00
3

Потребни состојки:

  • 3 белки
  • 1/3 од шолја шеќер
  • 1 шолја мелени бадеми (ситно измелени како брашно)
  • 1 1/3 шолја шеќер во прав
  • 2 лажици еспресо

* Големината на шолјата со која ќе ги мерите состојките е од 100 мл.

Начин на подготовка:

Во сад за матење ставете ги белките и започнете да матите. Кога ќе се формира почетна пена пополека додавајте го шеќерот и продолжете да матите на најголемата брзина (шеќерот додавајте го постепено). Потребно е да матите околу 7 минути за да добиете цврст шлаг.

Во сад на страна низ сито поминете ги шеќерот во прав, еспресото и мелените бадеми. (Овој чекор е многу важен за да Ви излезат добро колачињата).

Во садот со изматените белки додадете ги пресеаните бадеми,еспресото и шеќерот во прав и со помош на шпатула мешајте пополека не дозволувајќи брзо да се изгуби воздухот во смесата. Постепено промешувајте и проверувајте ја смесата на тој начин што со шпатулата ќе земете и ќе гледате како паѓа. Треба да паѓа постепено како лава.

Ставете ја смесата во готварски шприц и формирајте ги колачињата во мали кругчиња. Кога ќе го исполните тавчето исто така важен чекор (доколку не го направите, нема да ја добиете посакуваната форма) е благо да го удрите тавчето по еднаш на работната маса од сите страни. Овој чекор помага да излезе воздухот од колачињата и токму поради ова ќе се формира пукнатината на колачето (стапало).

Оставете ги 40-тина минути да се исушат на собна температура (во зависност од влажноста на воздухот понекогаш и до 1 час). Кога ќе ги допрете со прстот треба да бидат засушени.

Загрејте ја рерната на 140 степени и печете ги 13-15 минути.

Потребни состојки за филот:

  • 120 гр. путер на собна температура
  • 120 гр. шеќер во прав
  • Екстракт од ванила

Сите состојки ставете ги во миксер и матете околу 7 минути додека не добиете убава пенлива смеса. Филот ставете во готварски шприц и нанесете врз едно колаче од долната страна, со друго поклопете го филот и ќе добиете сендвич колаче – макаронс.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag