Сладолед кој можеш да го јадеш секој ден без да се здебелиш

popara3 јуни, 20161min00
4

Сонот е конечно остварен. Прочитајте ги овие два рецепта за овошен и чоколаден сладолед кои се прават за неколку минути, а не треба воопшто да им додавате шеќер, јајца или млеко.

1.Некалоричен овошен сладолед – потребни ви се само банани и замрзнато овошје по избор. На овој начин сладоледот ќе ви биде готов буквално за 5 минути. Колку што ви е потребно да сварите едно турско кафе.

Деталите за рецептот погледнете ги тука:

Најпопуларниот летен десерт е сладоледот. Но, доколку ви е смачено постојано да внимавате колку топки сте изеле, пробајте го овој рецепт за овошен сладолед кој се прави многу брзо и без додавање на шеќер.

Ви требаат само банани, замрзнато овошје по избор и блендер во кој ќе ги ставите.

Чоколаден нискокалоричен сладолед – Сладолед кој се прави со 3 состојки и тоа: банана, какао и екстракт од ванила. Верувајте, овој специјалитет ќе го правите буквално цело лето. Погледнете го овој видео рецепт на линкот:

  1. Излупете ги бананите и ставете ги во кеса за замрзнување, а потоа во замрзнувач. Потребно е да отстојат 2 часа.
  2. Ставете ги замрзнатите банани во блендер или сецко.
  3. Купете какао кое е високо квалитетно со цел да добиете подобар вкус. Ивана користи органско какао. Ставете од какаото количина според вашиот вкус. Секако, не претерувајте ?
  4. Во блендерот сипете го и екстрактот од ванила.
  5. Ви требаат само уште неколку минути блендирање и сладоледот може да го послужите.

Повеќе детали погледнете во видеото: