Вкусно мезе од векна леб

popara16 ноември, 20161min00
9

Состојки:

1 векна леб (бел, интегрален, багет)

1oo грама путер (или маслиново масло)

200 грама кашкавал исечкан на парчиња

младо лукче или кромидче

Лебот, по можност со крцкава кора за полесно сечење, се сече со остар нож дијагонално на едната, па на другата страна, но внимателно, не сосема до долу, за дното да остане цело.

Меѓу коцкичките се полева со стопениот путер, се редат парчињата кашкавал во исечените делови, па одгоре лукчето или кромидот. Можете пак да го намачкате со путер за да биде покрцкаво. Се става на фолија и од горната страна се покрива со друг дел од фолија.

pull-apart-bread4

Се става во загреана рерна на 200 степени. По 15 минути се вади горната фолија и се пече уште 5-10 минути додека не се зацрвени, а оние што сакаат да биде реш, може и да ја зголемт температурата на 250 степени. Извадете го од рерна и послужете го топло.

Љубителите на месо можат да додадат и сланина или кулен покрај кашкавалот. Буквално им нема крај на варијациите кои можете да ги направите со ова мезе за мерак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag