Состојки:
4 лажици путер
4 лажици маслиново масло
6 парчиња пилешко (копани, крилца, наткопани)
1 кромид, ситно сечкан
5 чешниња лук, здробени
2-3 пиперки, сечкани на големи парчиња
500-600 г домати, излупени и исечкани
250 мл бело вино
сол, бибер
100 г неутрална хопла
300 г зелени маслинки
350 г варени тестенини
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во голема огноотпорна тава стопете го путерот со маслиновото масло на средно висока температура. Испржете ги парчињата пилешко од двете страни. Пренесете го пилешкото на чиста чинија.
Намалете ја температурата на средна. Во тавата додајте ги кромидот, лукот и пиперките. Промешајте и гответе неколку минути. Додајте ги доматите и гответе минута-две. Зачинете со сол и црн пипер. Прелејте го виното и промешајте.
Претурете ја смесата во тава за печење, додајте ги и пилешките парчиња во неа, покријте ја со капак и ставете ја во рерна 45 минути.
Извадете ја тавата од рерна и тргнете го капакот. Додајте ги зелените маслинки (цели) и хоплата (попрскајте ја рамномерно одозгора). Покријте ја со капакот и протресете ја тавата за да се измеша хоплата. Вратете ја во рерна уште 15-20 минути за да згусне сосот. Извадете ја од рерната и чувајте ја покриена сè до послужувањето.
Ставете ги сварените тестенини во голем сад за послужување. Врз тестенините наредете ги парчињата пилешко, а потоа врз нив прелејте го сосот. По желба, може да украсите со сечкан свеж магдонос и рендан пармезан.