Потребни состојки:
За Ѓевречињата:
2 лажици путер
2 квасци
500 мл. млака вода
2 лажици шеќер
1 лажица сол
½ лажичка црн ппер
1 кг. брашно
За водата за варење:
2 литри вода
50 гр. шеќер
1 лажичка сода бикарбона
За глазура:
2 јајца
Сусам, афион и ким
Сол
Подготовка:
Квасецот ставете го во 100 мл. млака вода со малку сол и оставете го да стаса. Во посебен сад додадете го остатокот вода, стасаниот квасец, шеќерпт, солта и црниот питер и изматете, па додадете го брашното и замесете го тестото.
Откако ќе го измесите тестото, ставете го во набрашнет сад и премачкајте го со растопениот путер, прекријте го со проѕирна фолија па оставете го да отстои околу еден час за да стаса. Потоа повторно размесете го и оставете го да отстои во фрижидер.
Откако ќе отстои тестото, извадете го и поделете го на 12 дела. Од секој дел направете по едно ѓеврече.
Во вода на оган додадете го шеќерот и сода бикарбоната и оставете да зовријат. Потоа ставете ги ѓевречињата да се варат (по 3 наеднаш).
Откако ќе се сварат, ставете ги ѓевречињата на тава врз која сте ставиле хартија за печење. Секое ѓеврече премачкајте го со матено јајце и одозгора посипете сол, афион, ким или сусам и печете во загреана рерна на температура од 220 околу половина час. Откако ќе се испечат, отворете ја рерната, исклучете ја и оставете ги ѓевречињата да отстојат во рерната уште 5 минути пред да ги послужите. Добар апетит!