Автономно возило на иднината на Renault

28 септември, 20170
12

Renault во партнерство со колеџот за уметност и дизајн Central Saint Martins дизајнирал автономно возило на иднината.

Во натпреварот учествувале 15 студенти од кои 3 биле одбрани како полуфиналисти, а Yuchen Cai бил одбран како победник со неговиот дизајн кој ја користи Маглев технологијата која ја користат брзите возови од јапонскиот железнички транспорт.

Наречен „The Float”, дизајнот на овој автомобил прикажува нова форма на мобилност каде што луѓето ќе бидат повеќе внесени во она што се случува во надворешниот свет, благодарејќи на автономната технологија за возење.

Возилото изгледа како меур со седишта кои ротираат во секоја насока, кој би се движел користејќи ја технологијата за магнетна левитација, и ќе може да се спојува со други такви возила со кој би создавал конвој.

Откога бил прогласен за победник, Cai поминал 2 недели во дизајн студијата на Renault во Париз, усовршувајќи го неговиот концепт пред претставувањето во Лондон.

Електричната енергија, автономното возење и поврзаните технологии се трите главни фокусни точки на Renault за нивната футуристичка флота.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi