Што треба да знаете кога купувате летни гуми? – Една работа е смрт за вашето возило

29 март, 20170
5

Купувањето на летни гуми и не е некоја наука, но за да одберете добри гуми, сепак ви треба некое предзнаење.

За да ја одберете одговарачката гума, прво морате да знаете какви тркала на автомобилот имате, па од неа ќе почнеме.

Какви тркала на автомоблот имате

Големината на тркала се означува со инчи. На пример: 15“ (38.1 cm). Обично овој број е следен од ознаката R, како R15 – оваа буква покажува дека станува збор за радијална гума.

Покрај ова, потребно е да ја знаете ширината на тркалото, која обично се означува во јоти (Ј). Ова не треба да ве збуни, затоа што тоа е исто што и инч, односно col и изнесува 2,54 сантиметри. Јотот се користи како мера на ширината на гумата од проста причина како луѓето точно би знаеле за која димензија на гумата се работи. Ако слушнете дека некој вели, дека, на пример гумата R15 или 15 инчи, ќе знаете дека станува збор за нејзиниот пречник, додека ако слушнете дека фелна 5,5 јоти ќе знаете дека станува збор за нејзината ширина.

На крајот, постои уште еден податок кој треба да го знаете за вашата гума, а тоа е бројот на дупчиња и оние многу, збунувачки димензии – 4х98, 4х100, 5х112 и така натаму. Тоа покажува колку дупки, (односно шрафови) имате на гумата и нивната оддалеченост од центарот на гумата. Така, 4х100, значи дека на гумата има 4 дупки кои се на растојание од 100 mm, од центарот на гумата.

Разликата во бројот на дупки и нивната оддалеченост од центарот зависи од производителот и моделот на автомобилот, односно неговите карактеристики, па ќе видите дека на пример, „смарт“ возилата имаат гуми со 3 дупки – едноставно, повеќе и не им треба, затоа што возилото е мало и лесно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi