Потребни состојки:
За тестото:
– 2 јајца
– 350 гр брашно,
– 500 мл млеко
– масло
– сол
– шеќер
– минерална вода
– многу малку (на врв на нож) сода бикарбона
Фил:
– 250 мл слатка павлака
– 200 гр бела чоколада
Прелив:
– Џем од јагоди
Подготовка:
Загреете ја слатката павлака со вриење, тргнете го садот од оган, и додадете ги коцките бела чоколада. Мешајте додека чоколадата не се растопи. Со овој фил премачкајте ги палачинките и откако ќе формирате торта, оставете ја добро да е олади. Пред служењете прелијте ја тортата со џем од јагоди.