Состојки:
– 3 јајца
– 165 г чоколадо со стевија-млечно или темно
Приготвување:
– Раздвојте ги белките од жолчките, а потоа ставете ги белките во фрижидер.
– Стопете го чоколадото на пареа и оставете го да се олади.
– Извадете ги белките од фрижидер и со миксер изматете ги во цврст снег.
– Разладеното стопено чоколадо додадете го во жолчките. Во смесата додадете и една третина од изматените белки и помешајте. Полека додадете го и остатокот од белките.
– Калапот за торта обложете го со мрсна хартија за печење, ставете ја смесата и печете во претходно загреана рерна на 170 степени околу 30 до 40 минути.