Состојки:
- 200 мл јогурт
- 150 гр брашно
- 150 гр гриз
- 3 јајца
- 200 гр сирење
- 200 гр виршли
- 1 прашок за пециво
- 1 павлака
Начин на подготовка:
Разматете ги јајцата, додајте брашно измешано со прашок за пециво, потоа павлаката во која сте додале јогурт.
Сè убаво измешајте. Потоа додајте гриз, издробено сирење и сè изедначете.
Виршлите исечете ги на кругови, па додајте ги и нив.
Ставете ја смесата во плех со големина од 24 см и печете на 180 степени 40 минути.
Послужете со јогурт за доручек или вечера.