Потребни состојки:
- 1 чаша јогурт
- 2 чаши брашно
- 1 чаша рендан кашкавал
- 150г. шунка
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сода бикарбона
- масло по потреба
Подготовка:
Од брашното, јогуртот, солта, шеќерот и содата бикарбона замесете тесто. Од добиеното тесто направете топчиња и развлечете ги со сукало.
На едно парче ставете рендан кашкавал (или тврдо сирење) и парче шунка. Поклопете со друго парче и добро спојте ги краевите. Повторете го процесот со сите парчиња. Пржете ги во тава со загреано масло од двете страни.