Потребно:

  • 500 гр. јуфки
  • 1 л. кисела вода
  • 2 јајца
  • сирење по желба

Зачини: сол по желба

Потребно време за подготовка: 1 час

Во длабока тава за печење истурете ги јуфките, прелијте ги со 1 литар кисела вода, додадете масло или путер по желба и поставете ги во загреана рерна на 200 степени. Се печат додека водата не испари, пред крајот се полеваат со смеса од јајца, по желба и со сирење.