Состојки:
- 400 гр бисквити
- 300 гр ресани
- 1/2 л јогурт
- 200 мл кисела павлака
- 8 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1/2 л слатка павлака за шлаг
Начин на подготовка:
Исечкајте ги или искршете ги бисквитие на поголеми парчиња.
Во посебен сад измешајте јогурт (може и овошен), кисела павлака, шеќер и ванилин шеќер, па додајте искршени бисквити. Сè добро измешајте.
Обликувајте по желба. Ставете во фрижидер добро да се излади и бисквитите да ја впијат течноста.
Разматете ја слатката павлака и украсете го колачот.
Оставете го колачот добро да се излади, послужете и уживајте!