Состојки:
1 лажичка цимет
800 гр. шеќер
600 гр. вода
250 гр. путер несолен
300 гр. чоколадо за готвење рендано
300 гр. ореви пола сецкани; пола мелени
500 гр. кори за баклава
морско оревче
0,5 лимон цеден
Подготовка:
Во ренданата чоколада се додава циметот. Се зема една кора и се превиткува на пола. На неа се наросува една супена лажица рендани ореви, една супена лажица мелени ореви и две супени лажици рендана чоколада. Потоа кората се витка во тесен ролат. Се повторува постапката со сите кори кои се редат во подмачкано плехче. Баклавата се сече на димензија околу 6cm и се прелива со растопениот путер. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути, додека добие златно жолта боја. Испечената баклава се вади од рерната и над неа се попрскува малку морско оревче. Се остава да се олади и се прелива со топол шербет. Се покрива со фолија и се препорачува да преседи преку ноќ за доволно да се впие шербетот и да биде спремна за служење.
Припрема на шербетот:
Се ставаат шекерот и водата да вријат околу 10 – тина минути. Се додава сокот од лимон и рендана кора од лимон и се остава да вари уште 2 минути. Се остава да олади околу 5 минути пред да се прелие баклавата.
Добар апетит!