Десерт на денот: Кокос коцки

popara13 септември, 20171min00
15

Состојки:

За црно тесто:

5 белки – снег

150 гр мелени ореви

150 гр шеќер

3 реда чоколада

3 лажици брашно

½ прашок за пециво

За бело тесто:

5 белки

150 гр шеќер

150 гр кокос

2 лажици брашно

½ прашок за пециво

Сок од лимон

За крем:

10 жолчки

150 гр шеќер

1 пудинг од ванила

3 дл млеко

250 гр маргарин

Црно тесто: Од белките се прави цврст снег, се додава шеќер, мелени ореви, стопена чоколада и брашно со прашок за пециво. Кората се пече.

Бело тесто: Од белките се прави цврст снег, се додава шеќер, кокос, брашно измешано со прашок за пециво и сок од лимон. Се пече во тава со исти димензии како и црната кора.

Крем: Шеќер, пудинг и жолчките се варат во млеко. Во ладниот крем се додава пенасто изматениот маргарин.

Белата кора се премачкува со половината од кремот, врз тоа се поставува црното тесто, врз него останатиот крем и се поросува со кокос.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag