Феноменална посна капри торта

popara24 февруари, 20171min00
6

Состојки:

  • 800гр. посни бисквити
  • 1.5л сок од порторкал
  • 6 пудинга од ванила
  • 300гр. посна чоколада
  • 4 лажици масло
  • 250гр. маргарин
  • 500гр. јагоди
  • 250гр. шеќер + 6 супени лажици
  • 100гр. шеќер во прав
  • посен шлаг

Подготовка:

Во 1 литар сок ставете 6 лажици шеќер да пороврие, а потоа додадете 4 кесички пудинг во предходно соединетата смеса 200мл сок. Згответе го филот а потоа оладете го. Маргаринот имзешајте го со шеќерот во прав и потоа додадете го оладениот фил и добро изматете го.

Јагодите прелиј те ги со 300мл вода, додадете им 250 грама шеќер и оставете го да на оган некој 10мин. При крајот на готвењето испасирајте ги јагодите и преостанатите 2 пудинга соединете ги со 150мл ладна вода, а потоа додадете ги во веќе зготвените јагоди и направете фил. Овој фил од јагоди брзо ќе го оладите ако го ставите во помал сад, а потоа ставетего во поголем каде претходно сте ја оладиле во вода. Со миксер изматет го филот, со тоа и јагодите дополнително ќе ги испасирате и филот побрзо ќе се олади.

На тацна наредете ги бисквитите (200гр.) кои претходно сме ги потопиле во сок. Премачкајте ги со чоколадото кое предходно сме го стопиле со масло. Ставете го сето тоа во фрижидер околу 5 минути за да премачканото чоколадо се стегне, а потоа преку чоколадото премачкајте со третина од жолтиот фил, а потоа со третина од црвениот. Повторно наредете од бисквитите кој се потопени во сокот и повторете го филувањето со чоколадо, жолтиот и црвениот фил. Направете го тоа и по трет пат. Тортата завршете ја со бисквити и премачкајте од посниот шлаг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag