Нов мега голем таблет од Сони ќе ве натера да заборавите на хартијата

13 април, 20170
14

Компанијата Sony го најави новиот таблет со кодно име DPT-RP1 на кого главна препознатлива особина ќе му биде екранот, кој всушност не е стаклен туку направен од електронска хартија која го пресоздава изгледот на обичната хартија и мастило.

DPT-RP1 има доста голем 13.1-инчен дисплеј со резолуција од 2200х1600 пиксели, што е многу повеќе од неговиот претходник, кој беше со 1660х1200. Дизајнот е модерен, потенок и полесен, па целиот уред е со дебелината на некои 30 страници хартија.

Sony создала и нова апликација наречена Digital Paper App, што го олеснува претворањето на документи и цели страници во PDF формат и нивно безжично испраќање на таблетот. DPT-RP1 сеуште работи само со PDF датотеки, така што нема начин како да го замените вашиот верен Kindle со него.

Со овој нов модел компанијата Sony сака да го позиционира како уред за бизнисмени, адвокати и научници кои сакаат да ја намалат зависноста од досадната хартија.

Едно нешто што новиот DPT-RP1 го дели со оригиналниот DPT-S1 цената. Имено, моделот ќе се продава за околу 719 долари а продажбата ќе започне на почетокот на јуни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi