Samsung Galaxy S8 го поседува најдобриот мобилен дисплеј кој постои во светот

26 април, 20170
12

Super AMOLED панелот кој го поседува новиот Galaxy S8 со резолуција 2960 x 1440 пиксели има најдобра осветленост од 1020 нити, покрива најширока палета на бои (113% DCI-P3 и 142% sRGB / Rec.709), има најниска рефлексивност, обезбедува висок контраст при амбиентална светлина и има најниска промена на осветленоста со промена на аголот на гледање – тврди компанијата DisplayMate.

DisplayMate е специјализирана во обезбедување на решенија за калибрација и дијагностика на квалитетот на сликата на дисплеи и проектори и веќе некое време става на тестови екрани на популарни смартфони.  Компанијата заклучува дека новиот Galaxy S8 нуди најдобар приказ на пазарот во моментов и го поддржува ова тврдење со серија на тестови.

Компанијата наведува дека на OLED панелите веќе се гледа како на премиум технологија во однос на мобилните дисплеи, што е поддржано од гласините дека Apple ќе се потпре на неа за следното издание на iPhone. Над 20 производители веќе нудат смартфони со OLED дисплеи, а флексибилните панели со минимални несакани рамки ќе се дел од многу од претстојните предводници.

Според DisplayMate, OLED обезбедува голем број на предности во однос на LCD, што се однесува до употребата на смартфони – потенки и полесни се, немаат потреба од странична рамка, можат да бидат направени флексибилни и ставени во заоблени екрани, имаат многу брза реакција, подобрени агли на видливост и „always-on“ функционалност, која е поврзана со можноста за независно напојување на секој поединечен субпиксел.

Во исто време, за екрани со претежно бела содржина LCD остануваат посветли и со помала потрошувачка на енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi