Подготовка:
Тесто: Изматете ги жолчките од јајацата и 5 лажици шеќер, додадете вода, какао и прашок за пециво. Изматете ги белките, а потоа додадете ја смесата од жолчките и брашното и мешајте додека не се соедини.
Обложете го плехот за печење и истурете ја смесата.
Печете 15 минути на 180 степени.
Фил: Сварете 500 мл млеко со шеќер и ванилин шеќер. Во останатото млеко ставете густин и направете крем. Кога ќе се олади изматете и маргарин.
Глазура: Чоколадото растопете го со путер.
Исечете го тестото на два дела, ставете фил на секоја кора и декорирајте со растопено чоколадо.
Состојки:
Тесто:
- 5 јајца
- 5 лажици брашно
- 2 лажици какао
- 5 лажици шеќер
- 1/2 филџан вода
- ½ прашок за пециво
Фил:
- 600мл млеко
- 5 лажици шеќер
- 6 лажици ванилин шеќер
- 1 маргарин
- 80гр густин
Глазура:
- 200гр чоколадо
- 100гр путер