Ќофтиња од кисела зелка и мелено месо

popara10 март, 20171min00
15

Состојки:

 

  • 450 гр мелено месо (најдобро мешано)
  • 1 главица кромид
  • 450 кисела зелка, добро исцедена
  • 220 гр крем сирење
  • 2 шолји зачинета презла
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

На масло пропржете исечкан кромид и мелено месо додека месото не биде убаво испржено (околу 10 минути). Прженото месо процедете го и оставете го на страна.

Во месото додајте ситно сечкана и процедена кисела зелка. Сè убаво измешајте. Покријте ја смесата и држете ја во фрижидер околу 2 часа.

Во мал сад разматете јајца, а во друг сад ставете презла зачинета по желба.

Од смесата со зелка и мелено месо обликувајте ќофтиња, па извалкајте ги во јајца, па во презла и наредете ги на плех обложен со хартија за печење.

Печете ги ќофтињата во рерна загреана на 180 степени околу 15 минути, додека убаво не поруменат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag