Потребни состојки:
2 дл. млеко
0.5 дл. вода
200 гр. густин
6 јајца
6 лажици брашно
100 гр. шлаг
250 гр. шеќер
3 лажици ванилин шеќер
Уште 150 мл. млеко
400 гр. бисквити
За прелив:
200 гр. шеќер
1 лажица сок од лимон
Подготовка:
Во голем сад ставете 2 дл млеко, водата, жолчките, шеќерот, ванилиниот шеќер, густинот и брашното, па изматете со миксер. Потоа загрејте ја смесата и постојано мешајте се додека смесата не стане хомогена и не се згусне.
Изматете ги белките и шлагот додадете го во смесата па повторно промешајте и оставете ја смесата да се излади.
Бисквитите потопете ги во млекото, па наредете ги во калап за торта. Премачкајте ги со филот, па одозгора ставете уште еден ред бисквити потопени во млеко. Премачкајте ги со шлагот и ставете ја крем питата во фрижидер да се излади и стегне.
На тенџере растопете го шеќерот и сокот од лимон и почекајте смесата да се карамелизира. Исечете ја крем питата на коцки и секоја коцка прелијте ја со растопената карамела. Добар апетит!