Крокети од бело месо

popara22 февруари, 20171min00
12

Состојки:

  • 250 гр мелено бело месо
  • 100 гр печурки
  • 1 главица кромид
  • 1 јајце
  • 2 лажици презла
  • сол
  • бибер

Состојки за компир пире:

  • 1 кг компири
  • 1 жолчка
  • сол

Останати состојки:

  • 1 јајце
  • брашно
  • презла

Начин на подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го на малку масло. Во меленото месо додајте сечкани печурки, пропржен кромид, јајце, презла, зачинете по вкус и сè соединете. Со намастени раце правете ќофтиња и пржете ги на масло.
  2. За пирето, исчистете ги компирите, сварете ги, процедете, додајте жолчка и сол по вкус, па направете пире. Оставете го малку да се излади, па секое ќофте обложете го со компир пире.
  3. Секое топче месо извалкајте го во брашно, па во разматено јајце и на крај во презла. Пржете во длабоко масло или во фритеза.

Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma