Чизкејкот е еден од колачите кои многумина го обожаваат токму заради неговата едноставност и одличниот вкус.
Тој е совршено разладување за жешките летни денови кога сакате да каснете некој лесен колач кој нема да ви предизвика мачнина во стомакот.
Ако тој бил еден од вашите омилени колачи, после овој рецепт сигурно ќе го засакате уште повеќе – има ли нешто подобро од комбинација на чизкејк и сладолед? А, доколку на тоа додадеме и јагоди и чоколадо… мислиме дека доволно ве мотивиравме, време е да влезете во кујната и да почнете со готвење.
Состојки:
- 220 g маскарпоне сирење
- 470 g сладолед од јагоди
- 250 g бисквити, искршени
- 250 g јагоди, исечкани
- 200 g темно чоколадо
Начин на подготовка:
1. Во поголем сад изматете го со миксер крем сирењето, а потоа додадете го сладоледот, искршените бисквити и јагодите.
2. Добиената смеса истурете ја во правоаголен сад, обложен со хартија за печење.
3. Оставете ја смесата во фрижидер околу 4-6 часа.
4. Извадете ја смрзнатата смеса од садот со помош на хартијата и исечете согласно саканата форма.
5. Во друг сад стопете го темното чоколадо и секое парче чизкејк потопете го во чоколадо.
6. Декорирајте со кршени бисквити додека чоколадото не се изладило.