Подготовка:
Исецканите кромид, моркови и пиперки ставете ги во тава да се динстаат, но кратко време, околу 2 минути. Додадете ги исчистените бамји и динстајте уште околу една минута. Зачинете со сол и чубрика.
Во меѓувреме излупете ги модрите патлиџани и исечете ги на не многу тенки ленти. Ставете ги во плех премачкан со масло и печете ги во рерна околу 10 минути за да омекнат. Немојте да ги пржите, бидејќи ќе впијат многу масло и целата тава ќе стане премасна.
На крај во земјена тава наредете во следниов редослед: половина од модрите патлиџани на дното, потоа врз тоа истурете го динстаните зеленчуци и најгоре повторно поредете ги преостанатите парчиња модар патлиџа.
Ставете ја тавата во рерна да се потпече, но не многу долго. Околу 10 минути.
Состојки:
- 150гр пиперки
- 200гр моркови
- 300гр модар Домат
- 2 лажици масло
- 100гр кромид
- 300гр бамја
- малку чубрика
- малку сол