Состојки:
- 2 тиквички
- 1 јајце
- 200 гр шунка
- 200 гр кашкавал
- 100 мл млеко
- 5 лажици брашно
- топка моцарела
- сол
- бибер
- масло
Подготовка:
- Брашното, јајцето и млекото ставете ги во сад и мешајте, па додадете ги зачините.
- Тиквичките исечете ги на ленти, ставете им сол, и убаво поминетеги во смесата со јајце,брашно и млеко. Ставете ги лентите на плех со хартија, и на нив наредете шунка, кашкавал и моцарела.
- Замотајтеги лентите од тиквички во форма на ролат и затворете ги со фолија.
- Печете 20 минути на температура од 180 степени.
- Добар апетит и добра забава!
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma - loodgieter den haag