ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 5 модри патлиџани
* 800гр домати
* 2 главици кромид
* 5 чешниња лук
* 100гр кашкавал
* црн пипер, сол
* 6 стапчиња магдонос
* 5 лажици маслиново масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Модрите патлиџани се мијат, се чистат и се сечат на коцки. Се посолуваат и се оставаат да одстојат половина час. Потоа се мијат и се сушат.
Се пржат во маслиновото масло додека да омекнат ( потребни се околу 20 минути), заедно со истолчениот лук и ситно сецканиот кромид. Се преместуваат во тава и се мешаат со ренданите домати, ситно сецканиот свеж магдонос и зачини.
Јадењето се пече 40 минути во силно загреана рерна. По желба може да се стават и неколку кругови домати и потоа да се посипат со рендано сирење.