ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1кг праз
150мл пире од домати
малку масло
малку магдонос
50гр сирење моцарела
1 главица кромид
малку бибер
1 кисела павлака
500гр мелено месо
малку сол
2 ловорови листови
ПОДГОТОВКА:
Ситно исечете го кромидот и ставете го да се динста.
Во меѓувреме измиете го и исчистете го празот, па исечете го на кругови.
Во поголем сад ставете вода и малку сол.
Откако водата ќе зоврие, додадете го празот и оставете да се вари оклу 5 минути. Откако празот ќе се свари, исцедете го.
Откако ќе го издинстате кромидот,додадете ги пасираните домати и оставете да се крчка уште неколку минути.
Додадете го и месото и оставете да се крчка уште 15 минути.
Додадете го магдоносот и ловоровиот лист.
ФИЛУВАЊЕ:
Во ватростален сад редете еден ред праз, еден ред сос. повторувајте ја постапката се додека не ги потрошите состојките.
Ставте ја павлаката и рамномерно распоредете ја.
На крајот изрендајте ја моцарелата и ставете во рерна да се запече на 200 степени околу 20 минути.