Потребни состојки:
4 јајца
90 гр сусам
90 гр семки од сончоглед
90 гр ореви
90 гр ленено семе
90 грама семки од тиква
Половина лажичка прашок за печиво или сода бикарбона
100 мл вода
Малку сол
Подготовка:
Изматете ги белките со сол, постепено додавајте вода и половина лажичка сода бикарбона, односно прашак за печиво.
Сите семки сомелете ги (може и во мелница за кафе) и додајте ги во изматените белки. Готовата смеса префрлете ја во плех за печење и печете 50 минути на 180 степени Целзиусови. По желба попрскајте го лебот озгора со цели семки.