Потребни состојки:
- 1 и пол шолја млеко
- 3 до 4 лажици Нутела (зависи од тоа дали сакате да биде поблаго или не)
- 1/8 лажичка ванила
Начин на подготовка:
Прво – пола шолја млеко и Нутелата ставете ги во мало тенџерче, загрејте ги на средна јачина и мешајте се додека не се соединат. Додајте ја ванилата.
Второ – додајте го преостанатото млеко, зголемете ја температурата и константно мешајте се додека не се соедини добро.
Трето – топлото чоколадо префрлете го во чашка и по ваш избор може да додадете шлаг, парчиња чоколадо, цимет, мачмалоу, некоја овошка и сл.