Потребни состојки:
1 лимон
300 гр мелени плазма кекси
750 мл вода
500 гр шеќер
250 гр мед
250 гр путер
250 мл слатка павлака
200 гр ситно сечкани ореви
50 гр суво грозје
10 гр цимет
1 портокал
Начин на подготовка:
1. Во подлабоко тенџере ставете ги медот, шеќерот, водата, лимонот и портокалот и варете додека не се добие сируп.
2.Модлите во кои ќе се пече баклавата убаво ги премачкуваме со путер.
3.Корите ги сечеме во кругчиња поголеми од модлите (така што добро да ги покријат сите страни на модлите и да се добијат убави корпички).
4.Слатката павлака и остатокот од путерот ги загреваме додека не се добие компактна смеса (путерот да се стопи), за да може да се премачкуваат корите.
5.Во подлабок сад ги мешаме оревите, плазмата, циметот и сувото грозје.
6.Во подмачканите модли ставаме кора, ја мачкаме со смесата од павлака и путер, ставаме уште кора, ја мачкаме со истата смеса, па уште една кора, ја мачкаме и посипуваме со 1/2 лажица од смесата со плазма и ореви.
7.Оваа постапка се повторува уште еднаш, па уште еднаш, но последниот пат, наместо 1/2 лажица од смесата со ореви и плазма се ставаат 3 лажици, односно корпичките се полнат до врв. (Треба да имате вкупно 6 кори во секоја корпичка).
8.Модлите ги ставаме да се печат во загреана рерна на 200 степени додека не добијат убава златна боја.
9.Кога ќе се заруменат корпичките, ја намалуваме температурата на 100 степени и ја оставаме баклавата да се суши уште еден час.
10.Кога коричките ќе се испечат, ги вадиме од рерната и ги прелеваме со претходно направениот сируп. Ги оставаме да отстојат преку ноќ, за убаво да се упие сирупот, а потоа се расправаме со домашните за тоа кој ќе изеде повеќе!
11.Забелешка: ако не сакате да губите време со модли и корпички, слободно наредете ги корите во обичен плех (како за стандардна баклава).