Потребни состојки:
- 500гр свеж спанаќ
- 500гр кравјо сирење
- 80гр брашно
- 80гр рендан пармезан
- 2 јајца
- малку морско оревче
- 16 листови мудрец
- 40гр путер
- сол
Начин на подготовка:
Исчистете го спанаќот, листовите измијте ги под млаз вода. Измиен и исцеден ставете го во зовриена солена вода и варете 3-4 минути додека листовите не омекнат. Измијте ги под ладна вода, исцедете и ситно исецкајте.
Сирењето и исецканиот спанаќ добро измешајте ги и потоа додадете пармезан, јајца, малку морско оревче, сол и брашно. Кога ќе добиете изедначена смеса направете топчиња со големина на орево. По потреба додадете повеќе брашно.
Њоките тркалајте ги во брашно и варете во поголема тава со многу солена вода која врие на тивок оган. Путерот стопете го во помала тава, додадете го исчистениот мудрец и пржете додека листовите не бидат малку крцкави.
Њоките исцедете ги со лажица штом ќе испловат на површина, распоредете ги во чинија за сервирање, зачинете со сос од путер и мудрец. Послужете со преостанатиот пармезан од страна.