Потребни состојки:
– 1 главица стар кромид, половина главица лук, 300 грама мелено месо, 100 грама варен ориз, 4 тиквички, 3 домати, 4 лажици маслиново масло, 30 грама сечкани бадеми, 30 грама суво гозје, малку сол и црн пипер, малку ким и цимет, малку црвен пипер, 100 грама кашкавал.
Подготовка:
Кромидот и лукот ситно се сечкаат, се мешаат со меленото месо, бадемчињата и сувото грозје. Се додаваат зачините, сол, црн пипер, црвен пипер, ким и цимет.
Потоа се мијат тиквичките, се сечат на половина, се длабат со помош на лажица. „Месниот“, издлабениот дел од тиквичката се става во посебен сад.
Во меѓувреме оризот се вари, и кога изгледа омекнат, на самиот крај се додавава „месниот“ дел од тиквичките за малку да омекне (1 минута).
Оризот и мекиот дел од тиквичките се додаваат на садот со месо, кромид, лук и зачини. Ги сечкаме доматите на ситни парченца и ги додаваме во смесата. Се добро се меша, а потоа со смесата ги полниме издлабените тиквички.
Наполнетите тиквички ги редиме во сад за печење. Ги полеваме со маслиново масло и ги ставаме во загреана рерна. Печеме на 200 степени 35 минути.
Во меѓувреме го рендаме кашкавалот. Малку пред да бидат готови печените полнети тиквички, ги наросуваме со кашкавал и печеме уште малку додека кашкавалот не се стопи.
Ги сервираме топли и ги украсуваме со сечкан магдонос.