Состојки:
За тестото:
- 400 г брашно
- 1 лажичка сол
2 јајца
- 150 путер
За филот:
- 3 тиквици
листови од власец
-
200 г ементалер
- 120 г фета сирење
сол, бибер
-
мајчина душица
-
копар
Приготвување:
Ставете го брашното на даска и во средината направете вдлабнатина. Додадете ги јајцата и сол а на работ наоколу наредете парчиња путер.
Замесете тесто почнувајќи од надворешниот раб кон средината. Расукајте го тестото и распоредете го во 4 намрсени калапи за пици.
Загрејте ја рерната на 200°C.
Тиквиците исечете ги на кришки, а власецот и копарот ситно исечкајте ги. Изрендајте го ементалерот и здробете го сирењето. Наредете ги состојките врз тестото.
Зачинете со сол, бибер, исечкан власец и копар и оригано и печете околу 30 минути.