Во голема шолја ставете го брашното, а потоа додадете го прашакот за пециво и добро измешајте. Потоа додадете ги млекото и маслото за готвење и измешајте. Со ова тестото е готово.
Намачкајте со сос од домати, а одозгора ставете кашкавал. Потоа наредете ја саламата (ние би употребиле чајна на Пекабеско) и сето тоа зачинете го со оригано или некој друг пица зачин.
Филџанот со подговотвената пица ставете го во микро печка и печете неколку минути.