Состојки:
- 3 лажици презла
- 4 јајца
- 1 1/4 шолја млеко
- 1/2 лажичка лут сос
- 1/4 лажичка сол
- свеж бибер во зрно
- 2 шолји исечкан тост леб (околу 2 парчиња, без кора)
- 250 гр брокули
- 2 лажички маслиново масло
- 4 парчиња Пекабеско сланина
- 1 главица сечкан кромид
- 150 гр моцарела
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени. Во тава ставете презла и пропржете.
Во чинија со средна големина ставете јајца, млеко, сос, сол и бибер. Додајте леб и измешајте, а потоа ставете ја во фрижидер.
Гответе ги брокулите на пареа неколку минути, а потоа измијте ги со студена вода и добро исушете ги. Потоа грубо исечкајте ги.
Загрејте масло на умерена температура, па додајте сечкана сланина и кромид. Мешајте додека не омекне.
Додајте ја оваа мешавина со кромид и брокули во мешавината со јајца, а потоа додајте и сирење.
Целокупната смеса ставете ја во подготвен плех.
Печете ја питата од прилика 45-50 минути, додека не порумени.