Ако се ближи вашиот роденден или планирате забава, тогаш направете си полнети француски лепчиња. Идеална закуска која нема да ви одземе многу време и дефинитивно е совршена за домашни забави.
Можете сами да одберете намирници со кои ќе ги подготвите овие сендвичи или пак направете повеќе видови за сечиј вкус.
Пробајте го овој рецепт, а потоа правете си сами комбинација на состојки. Уживајте во префинетиот оброк:
Потребни состојки:
- 1 француско лепче
- 150 грама сирење
- 150 грама шунка
- 100 грама кашкавал
- 3 супени лажици мајонез
- 3 супени лажици кисела павлака
- 1 свежа краставица
- 1 свежа пиперка
- ½ мала конзерва пченка
- Вегета, сол, црвен пипер, други зачини по желба
Подготовка:
Лебот пречете го на два или повеќе дела, а потоа со помош на нож направете простор во внатрешноста.
Пиперките и краставиците сечкајте ги ситно, а шунката, сирењето и кашкавалот изрендајте ги. Во голем сад помешајте ги зеленчукот, кашкавалот, сирењето, шунката, мајонезот и киселата павлака заедно со 3 или 4 супени лажици од лебот кој ви останал, при сечењето од внатрешноста.
Сето тоа промешајте го убаво, а потоа зачинете ја смесата и со помош на кафени лажички наполнете го лепчето.
Наполнетиот леб, завиткајте го во фолија, а потоа оставете го во фрижидер барем 1 час. Потоа, исечкајте го на кругови и послужете.