Состојки
- 10 печурки
- 60 гр. крем сирење
- 70 гр. рендан кашкавал
- 70 гр. феферони, ситно сецкани
- 2 супени лажици ситно сецкани пиперки
- 2 супени лажици ситно исецкан црвен кромид
- 2 супени лажици ситно исецкани црни маслинки
- 1 лажица масло
- ¼ лажичка босилек
- оригано
- мелен лук
- сол и бибер
Постапка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Намрсете еден плех со една лажица масло и оставете го на страна.
Добро измијте ги печурките и отстранете им ги стеблата. Во мал сад измешајте ги крем сирењето, ренданиот кашкавал, босилек, оригано, лук, сол и бибер. Потоа додадете ги фефероните, пиперките, кромидот и маслинките и добро измешајте ја целата смеса. Превртете ги печурките и наполнете ги со смесата. Поставете ги во плехот и печете ги 20 минути во загреаната рерна. По 20 минути уклучете ја рерната на 220 степени и печете ги уште 5 минути за малку да се запечат.
Сервирајте ги топли.