Баклава со чоколадо и фстаци

12 декември, 20170
12

Состојки:
100 гр. чоколадо
100 гр. фстаци сецкани
1 лажица мед
20 гр. путер растопен
1/2 лажичка цимет
1/4 чаша хопла
8 кори за баклава
шеќер во прав, за декорација

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Исецкајте ги фстаците на парчиња и оставете ги на страна.
Во помало тенџере ставете ја хоплата и половина лажичка цимет и варете ја на оган со средна јачина. Кога ќе се загрее додадете го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се растопи. Потоа додадете ги во чоколадото фстаците и измешајте ги. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го малку да се излади.
Растопете го путерот во мало тенџере.
Земете една кора за баклава. Превиткајте ја на половина. Намчкајте ја со малку растопен путер. Земете две лажици од чоколадото и поставете ги на средина од кората. Превиткајте ја прво кората од две страни за да го преклопите чоколадото, а потоа превиткајте ја во ролна. Продолжете со останатите кори.
Ставете ги свитканите парчиња баклава во тавче. Намачкајте ги одозгора со остатокот од путерот. Ставете ги во загреаната рерна да се печат околу 10 минути додека да добијат златно жолта боја.
Сервирајте ги изладени, пресечени на половина и декорирани со шеќер во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi