Интегрални погачи

20 декември, 20170
11

Состојки:

  • 3 јајца
  • 100 г бело брашно
  • 100 г интегрално брашно
  • 100 г црно брашно
  • 250 г гриз
  • 350 г свежо сирење
  • 2 дл млеко
  • 2 дл кисела вода
  • 1 дл масло
  • 1 прашак за пециво
  • 1 лажица сусам
  • 1 лажици семки од сончоглед
  • 1 лажица семки од лен
  • сол

Приготвување:

1. Одвојте ги белките од жолчките и изматете цврст снег.
2. Во соодветен сад помешајте ги гризот, белото, црното и интегралното брашно. Додадете прашак за пециво и полека измешајте.
3. Посебно помешајте млеко, зејтин и минерална вода.
4. Во смесата од жолчки наизменично додавајте ја мешавината од брашно и течност, па постојано матете. Потоа додадете прашак за пециво, здробено свежо сирење, сусам, лен, сончогледови семки и зачини по желба, па полека измешајте за да се добие воедначена смеса.
5. На крајот додадете го снегот од белки и полека измешајте.
6. Ставете ја смесата во соодветни калапи. Поросете одозгора со преостанатата мешавина од семки и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200ºC додека не поруменат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi