Похован кромид со кашкавал
31 октомври, 20170
Состојки:
- 2 поголеми главици кромид
- 3-4 парчиња кашкавал по ваш избор
- 5 јајца
- 2 чаши брашно
- 2 чаши презла
- масло и сос по желба
Начин на подготовка:
- Исечете прстени од исчистениот кромид. Кашкавалот исечкајте го на ленти и ставете го врз кромидот.
- Кромидот потоа оставете го еден час во фрижидер, а кога ќе го извадите, убаво поминете го во изматени јајца, брашно и презла.
- Повторете ја постапката уште еднаш, но овој пат само во јајца и лебни трошки.
- Пржете го кромидот во тавче со загреано масло за јадење.