Потребни состојки:
- 0,05кг Кори
- 0,065кг свежо сирње
- 0,007кг -тартуфи црни
- 0,003кг -тартуфи, бели
- 0,035л Павлака за готвење
- 0,001 л Масло за тартуфи
- 0,012 путер
- 0,001кг сол
- 3 јајца
- 0,012л. Масло, растително
- 0,012кг шеќер
Начин на подготовка:
Се загрева путерот и му се додава шеќер, за да се направи светла карамела. Се трга од оганот и во карамелата се додаваат црните тартуфи, кои претходно ги исчистивме и исецкавме на листови.
Во меѓувреме се развлекуваат кори од тесто и се посипуваат со зејтин, се премачкуваат со смеса од сирење и јајца, сол, и лесно карамелизираната црна тартуфа.
Се обликува ролатот.
Во пригоден сад кој предходно го намачкавме со масло, се реди ролатот и се пече на 180ц. околку 10мин.
Од павлака за готвење со белите тартуфи и од маслото од тартуфите, се припрема умак кој се послужува со ролатот.
Се сервира топло.