Состојки:
500г шампињони, 3,5 лажици соја сос,по желба, 50г кикирики, ѓумбир, мешавина на кинески зачини, 1 чаша ориз.
Подготовка
Ставете ги шампињоните во сад со малку вода да се динстаат и веднаш ставете ги кикириките(пржени,несолени)
Во текот на динстањето постепено додавајте зачини.Не солите, зачините се доволно солени.
Тргнете ги од оган после 20 минути.
Во друг сад ставете ориз со 6 чаши вода.Гответе додека не биде готов.Ако сакате да биде растресит тргнете го од оган пред целосно да набабри, исцедете го вишокот вода, ставете ладна вода и исцедете уште еднаш.
На здравје