Потребни состојки:
- 55гр. кафеав шеќер
- 1 лажица цимет
- 3 лажици путер
- 30г. сецкани ореви
- 1 зелено јаболко
- 1 пакување лиснато тесто (250 грама)
Подготовка:
Вклучете ја рерната на 200 степени. Одмрзнете го лиснатото тесто и развлечете го да биде со дебелина од 5мм. Исечете го на триаголници и наредете го на тепсија обложена со хартија за печење. Во посебен сад измешајте ги циметот и кафеавиот шеќер и мешавината нанесете ја на секој триаголник.
На секој триаголник додадете сецкани ореви. За тоа време растопете го путерот, а јаболкото исечете го на тенки кришки и додадете ги во путерот.
Сместете по една кришка од јаболкото во најширокиот агол од триаголникот…
…замотајте го тестото и направете кифлички. Премачкајте ги кифличките со преостанатиот дел од путерот и наросете од мешавината од шеќер и цимет, па ставете ги во рерна.
Печете 10-15 минути или додека не поруменат. Послужете ги додека се топли. Пријатно!