Потребни состојки:
- 200гр ориз
- 800мл млеко
- 500мл слатка павлака
- 2 лажици рум
- 300гр замрзнати кајсии
- 100гр суво грозје
- 150гр шеќер
- цимет
Начин на подготовка:
Сварете ориз во млеко со 100гр шеќер, тргнете од оган и измешајте суво грозје отстоено во рум и оставете да се лади. Изматете слатка павлака, па соединете со оладен ориз. Полека измешајте да добиете изедначена смеса. Варете ги кајсиите и останатиот шеќер со малку вода додека кјасиите малку не омекнат. Во правоаголен подмачкан плех ставете половина од подготвениот сутлијаш и одозгора распоредете ги кајсиите. Покријте со останатиот сутлијаш и оставете добро да се олади. Пред служење посипете со цимет и исечете на парчиња.