Потребни состојки:
- лиснато тесто
- 4-5 круши
- 4 лажици шеќер
- 300мл слатка павлака
- 200гр. чоколадо за готвење
- 30 гр. путер
Подготовка:
Развлечете го тестото со сукало да биде со дебелина од околу 1 сантиметар и потоа ставете го во тепсија која претходно сте ја обложиле со хартија за печење. Тестото развлечете го така што ќе биде малку поголемо од тепсијата за да ги подигнете краевите, кои ќе ги обликувате со прсти. Излупете ги крушите и исечете ги на тенки кришки наредете ги на тестото и додадете шеќер. Печете го тартот во претходно загреана рерна, околу 20 минути на 180 степени. Во меѓувреме во еден сад загрејте ја слатката павлака додека не проврие и потоа тргнете ја од оган. Оставете да се излади неколку минути, додадете чоколадо и мешајте додека сосема не се истопи. Додадете путер и останатиот дел од шеќерот и мешајте додека не се соединат состојките. Прелијте го преку тартот, од средината кон краевите.